Достапни линкови

Тимерманс - На Турција не ѝ нудиме „бесплатно возење“


Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс тврди дека со договорот ЕУ-Турција за запирање на приливот мигранти во замена за отстапки кон Анкара, Брисел не ѝ нуди на Турција „бесплатно возење“. На прес-конференција, Тимерманс изјави дека Турција мора да примени мерки до крајот на април за да може од крајот на јуни Турците да патуваат во ЕУ без визи.

Тој додаде дека планираниот договор, со кој мигрантите кои ќе стигнат до Грција ќе бидат враќани во Турција, не значи кршење на меѓународното право. Тимерманс вели дека со договорот „не се врти грб на бегалците“, бидејќи за нив ќе биде овозможена адекватна меѓународна заштита, во ЕУ или во Турција.

XS
SM
MD
LG