Достапни линкови

Сириските Курди ќе прогласат федерална област


Syria -- A fighter of the Kurdish People's Protection Units (YPG) flashes a V-sign as he patrols in the streets in the northern Syrian town of Kobani, January 28, 2015

Syria -- A fighter of the Kurdish People's Protection Units (YPG) flashes a V-sign as he patrols in the streets in the northern Syrian town of Kobani, January 28, 2015

Се очекува сириските курдски лидери да прогласат посебна федерална област во северна Сирија. Сириска курдска политичка организација ја донела одлуката, откако беше исклучена од мировните преговори во Женева со посредство на ОН, меѓу сириската влада и опозициски претставници. Наваф Халил од партијата Демократски сојуз рече дека тие не лобираат за исклучиво курдски регион, но оти бараат „модел на федерализам што ќе се примени во цела Сирија“. Тој рече дека се предвидува во курдската област да бидат застапени и Туркмените, Арапите и Курдите. Курдски претставници велат дека областа ќе биде наречена „Федерација на северна Сирија“. Се очекува федерацијата да биде прогласена на крајот на курдската конференција што се одржува денеска во градот Рмеилан во северна Сирија.

XS
SM
MD
LG