Достапни линкови

Кабинет на Иванов - Комисијата за помилување не се укинува


Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево преку соопштение, во врска со написи во одредени медиуми дека со одлуката на Уставниот суд се укинува и Комисијата за помилување, информира дека Комисијата не се укинува и е постојано работно тело на Претседателот на Република Македонија. Комисијата за помилување е формирана во 1991 година врз основа на Одлуката за организација и делокруг на работа на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и таа постоеше и пред донесувањето на измените на Законот за помилување во 2009 и како и досега и понатаму ќе продолжи да функционира како советодавно тело на Претседателот, се наведува во соопштението.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, истакнуваат од Кабинетот, досега не коментирал и нема да коментира одлуки на Уставниот суд.

„Претседателот Иванов, како и досега, така и во иднина, во извршување на оваа негова уставна ингеренција ќе се води исклучиво според законите, односно одлуките за помилување ќе ги носи согласно постапката и одредбите од Законот за помилување“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

XS
SM
MD
LG