Достапни линкови

Меркел - Ситуацијата во Грција ќе се одрази врз цела Европа


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека затворањето на „балканската рута“ претставува голем предизвик за Грција, со кој би требало да се позанимава цела Европа. Во своето обраќање пред Бундестагот во пресрет на Самитот на ЕУ со Турција, Меркел предупреди дека „никој не смее да биде измамен со намалениот прилив на мигранти во Германија, поради затворањето на границите на Австрија и останатите“.

„Ситуацијата во Грција е друга работа, која претставува голем проблем за сите нас, бидејќи нема да помине без последици во цела Европа“, нагласи германската канцеларка.

XS
SM
MD
LG