Достапни линкови

logo-print

Кривична за Стевчо Јакимовски поради вчерашниот контра-протест


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Карпош и лидер на политичката партија ГРОМ Стевчо Јакимовски и против лицето А.Т. за сторено кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“. Кривичната е поради тоа што двајцата, како што наведува МВР, вчера организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, која ден претходно во СВР-Скопје писмено најавила организирање мирен и ненасилен протест и протестен марш во Скопје, кој требало да заврши пред зградата на Уставниот суд.

„На 15.03.2016 второ пријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до СВР-Скопје најавил дека на 15.03.2016 година во 18.00ч ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд на РМ не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир“, наведува МВР.

Во соопштението се наведува дека просторот, на кој веќе бил пријавен јавен собир, потоа бил насилно узурпиран со поставување тенди и монтирање бина.

XS
SM
MD
LG