Достапни линкови

logo-print

Шестмина мигранти заболени од шуга, двајца од варичела во Табановце


Шест лица сместени во транзитниот центар Табановце се заболени од шуга, а две лица се заболени од варичела, изјави денеска доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје. Таа нагласи дека заболените се прегледани од дерматовенеролог, доделена им е терапија, а лицата со кои имале контакт, се изолирани и се преземени мерки против понатамошно ширење на болеста.

Заболените од шуга се на возраст од 13 до 34 години и едно е дете до една година, додека заболените од варичела се на возраст од 5 и 8 години.

Инаку, вчера во центарот имало вкупно 1.349 мигранти, од кои 1.010 во кампот и 339 на граничната линија помеѓу Македонија и Србија.

XS
SM
MD
LG