Достапни линкови

Ердоган побара одземање на имунитетот на пратениците Курди


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска побара од Парламентот на Турција под итно да им го одземе имунитетот на пратениците од редовите на курдската Демократска партија на народите. Ваквото барање на турскиот претседател уследи три дена по самоубиствениот напад во Анкара, за кој властите ги обвинија курдските бунтовници.

Ердоган се заложи и за проширување на значењето на кривичното дело „терористички злосторства“, со што со него би се опфатиле не само извршителите на терористички акти, туку и „нивните соучесници - политичари, интелектуалци или новинари“.

XS
SM
MD
LG