Достапни линкови

logo-print

Најмалку 15 загинати во бомбашки напад во Пакистан


Најмалку 15 луѓе загинаа, а повеќе од 26 се повредени, од кои дел се во критична состојба, кога бомба експлодира во автобус во северозападен Пакистан. Експлозијата се случила во автобус во кој се возеле државни службеници во фреквентна трговска област во Пешавар. Бомбата, која била поставена под седиште во автобусот, била активирана далечински. Милитантната организација Лашкар-е-Ислам, која е поврзана со пакистанските талибанци, ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека тоа е одмазда, откако Воениот суд вчера осуди 13 милитанти на смртни казни.

XS
SM
MD
LG