Достапни линкови

Уставниот суд дозволи претседателот да помилува за изборен криминал


Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, со кој му се забрануваше на претседателот на државата да помилува за кривични дела поврзани со изборен криминал, педофилија, силување, дрога, тероризам...

Оваа одлука ќе стапи во сила по објавувањето во „Службен весник“. Во наредниот период одлуката ќе биде објавена и на веб-страницата на Уставниот суд.

Деталното образложение за Одлуката, како што додаваат од Судот, ќе биде достапно и за правната фела и за сите заинтересирани да ги видат уставните аргументи за укинувањето на предметниот закон од 2009 година.

XS
SM
MD
LG