Достапни линкови

Македонија посреќна од Грција, Албанија и од Бугарија


Македонците се посреќни од Албанците, Грците и од Бугарите, а понесреќни од другите балкански земји, покажува Извештајот за среќата во светот објавен денеска. Македонија е на 95 место. Словенија е на 63 позиција, Хрватска е на 74, Косово е на 77 позиција, Србија на 86, Босна и Херцеговина на 87, а Црна Гора на 88. Грција е на 99 место, Албанија на 109 место, а Бугарија е 129-та.

Данска, Швајцарија Исланд и Норвешка ги задржаа своите позиции како најсреќни земји во светот. Извештајот, којшто се објавува по четврти пат, ги рангира земјите според среќата на нивните граѓани и субјективната благосостојба. Во најсреќните 10 земји се и Финска, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Австралија и Шведска. САД се на 13 место.

На дното на листата од 157 земји се Мадагаскар, Танзанија, Либерија, Гвинеја, Руанда, Бенин, Авганистан, Того, Сирија и Буринди.

XS
SM
MD
LG