Достапни линкови

Помилување за изборен криминал дозволено, контра-протестот завршен


Демонстрантите кои се претставуваат како „бранители на институциите“ го напуштија просторот пред Уставниот суд кој го запоседнаа од вчера напладне. Тие го прекинаа протестот откако се прочуло дека Уставниот суд одлучил да се укинат измените на законот со кој му се ограничува правото на претседателот за помилување. Седницата на Уставниот суд се одржа зад затворени врати. Од Судот не го потврдуваат тоа, само најавија брифинг за подоцна во текот на денот на кој ќе ја споделат одлуката.

XS
SM
MD
LG