Достапни линкови

Во антитерористички акции во Истанбул уапсени 20 лица


Турската полиција уапси 20 лица, вклучувајќи и неколкумина адвокати, во низа рации во Истанбул, а чија цел се припадници на Курдската работничка партија, јави Анадолија. Антитерористички полициски акции, со поддршка на хеликоптери, истовремено се спроведени во 32 места ширум градот. Уапсените се одведени во главната полициска станица во Истанбул. Во рамки на операцијата се приведени лица во уште осум други провинции.

Рациите следеа откако судирите меѓу турските безбедносни сили и Курдската работничка партија се проширија на нови подрачја во југоисточна Турција, а по самоубиствениот напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица, на улиците излегоа тенкови и оклопни возила, придружени од хеликоптери.

Иако ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот во Анкара, Министерството за внатрешни работи тврди дека зад него стои Курдската работничка партија.

XS
SM
MD
LG