Достапни линкови

Британскиот министер за Европа во посета на Македонија


Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон

Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон

Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон денеска и утре ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој ќе има средби со заменик претседателот на Владата задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, со лидерите на политичките партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА и со лицата задолжени за прашања поврзани со мигрантската криза, соопшти Британската амбасада во Скопје. Лидингтон денеска ќе учествува на Форум на цивилното општество во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

XS
SM
MD
LG