Достапни линкови

Романија и Албанија страхуваат од бран мигранти


Властите во Романија ќе усвојат итни мерки како подготовка на можен масовен прилив бегалци и мигранти. Романија која е членка на ЕУ, но не е во Шенгенскиот безвизен режим, досега не се наоѓаше на балканската рута на луѓето кои сакаат да стигнат во западно европските земји. Букурешт најави дека ќе бара помош од другите земји на Унијата. Претходно албанскиот министер за внатрешни работи Самир Тахири побара помош од италијанските власти во случај на прилив на голем број мигранти и бегалци од Грција.

XS
SM
MD
LG