Достапни линкови

Австрија сака да и помогне на Македонија за границата


Австрија сака да и помогне на Македонија да ја држи затворена нејзината граница со цел балканската мигрантска рута да остане блокирана. Ова го пишува германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на изјавата на австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскозил. „Министерството за одбрана во моментов истражува дали на Македонија и е неопходна опрема, како на пример ноќни визири“, рече тој, додавајќи дека таа граница би требало да остане затворена „по секоја цена“. Околу 14 илјади бегалци и мигранти се заглавени во близина на македонско грчката граница откако во минатата недела беше затворена балканската рута.

XS
SM
MD
LG