Достапни линкови

logo-print

Иванов-Македонија ќе ги преземе сите мерки за заштита на границите


Заврши средбата на седницата на Совет за безбедност, која вечерва ја свика Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

На седницата на Советот за безбедност субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и справување со кризната состојба, го информирале претседателот на Република Македонија и членовите на Советот за безбедност за заканата од илегална миграција што доаѓа од територија на Европската Унија и Шенген-зоната, како и со можностите за развој на заканата и зголемување на ризиците.

Иванов рече дека со затворањето на балканскиот коридор, очекувано било , да се зголемат обидите за насилно и илегално влегување во Македонија.Тој истакна дека со преземањето на крајно некоректни активности потенцијално се загрозува целокупната регионална безбедност.

- Република Македонија ниту е членка на Европската унија, ниту на НАТО, ниту на Шенген-зоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата, рече македонскиот претседател.

Тој смета дека отсуството на комуникација и соработка меѓу политичарите и безбедносните служби на Република Македонија и Република Грција и неможноста да се воспостават заеднички оперативни тимови за брза интервенција довело до ситуацијата кога во земјава нелегално влегоа околу илјада мигранти. Иванов исто така потенцира дека Македонија ќе ги преземе сите мерки и активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност

На седницата на Советот за безбедност учествуваа и лидерите на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски и на СДСМ, Зоран Заев.

На седницата не присуствуваа лидерите на ДПА и ДУИ, а во име на двете партии учествуваа Талат Џафери и Имер Алиу.

XS
SM
MD
LG