Достапни линкови

Блокиран пристапот на демонстрантите до Уставниот суд


Во моментов илајдници демонстранти кои протестираат, за како што најавија, одбрана на Уставот се блокирани пред музејот на ВМРО бидејќи полициски кордон не им дозволува пристап до Уставниот суд. Позади полицискиот кордон има и оклопни возила. Тие побараа полицијата да им дозволи пристап до судот. Засега протестот е мирен и под силно полициско обезбедување. Демонстрантите бараат Уставниот суд да не ја укинува одредбата од Законот со која на Претседателот ќе му се овозможи да помилува лица за изборни нерегуларности.

Протестот го организира граѓанската плтформа „Ајде“ и е подржан од СДСМ. Учесниците на протестот извикуваат „Нема правда, нема мир“. Во исто време во близина на Уставниот суд се одржува и протестот на кој повика Гром и кој според партијата е за поддршка на Уставниот поредок.

XS
SM
MD
LG