Достапни линкови

Тројца полицајци повредени во антитерористичка рација во Брисел


Тројца белгиски полицајци се повредени во престрелка за време на антитерористичка рација во Брисел. Портпаролот на полицијата Ерик Ван Дер Сипт рече дека било пукано во полицијата. Тој рече дека рацијата во јужното предградие Форест била поврзана со нападите во Париз во ноември минатата година кога беа убиени 130 луѓе. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев рече дека во акцијата учествувале и француски полицајци. Операцијата е во тек, а најмалку двајца осомничени се во бегство.

Во Белгија беа уапсени и обвинети 11 луѓе за поврзаност со нападите во Париз, а осуммина сè уште се во притвор. Главниот осомничен Салах Абделсалам и неговиот соработник Мохамад Абрини, двајцата од Моленбек во Белгија, се во бегство.

XS
SM
MD
LG