Достапни линкови

Македонска државјанка загина во Брегот на Слоновата Коска


Министерството за надворешни работи, согласно информациите добиени од Канцеларијата на Обединетите нации за волонтери, денеска потврди дека македонската државјанка Анита Андреевска загина на 13 март оваа година во терористичкиот напад во туристичкиот град Гранд Басам во Брегот на Слоновата Коска. Во нападот, животот го загубија двајца припадници на војската и 14 недолжни цивили. Министерството денеска, како што се наведува во соопштението, оствари средба со семејството на починатата на која изрази сочувство до најблиските за загубата и уверување дека ќе ги преземе сите потребни активности согласно законските прописи за пренесување на телото на починатата во нашата држава.

XS
SM
MD
LG