Достапни линкови

logo-print

Протест и контрапротест на оризопроизводителите од кочанско


Илустрација

Илустрација

Поголема група оризопроизводители од Кочанско денеска точно во 12 часот блокираа една лента од магистралниот пат Кочани-Штип кај Облешево во траење од еден час. Тие упатија барање до Министерството за земјоделство да ги реши проблемите со откупот на арпата и белиот ориз од минатогодишната реколта, бидејќи како што беше истакнато, за 10 до 15 дена започнуваат подготовките за претстојната сеидба на оризовата култура.

„До ресорното министерство имаме три барања и тоа како што ни беше ветено откупот на арпата да изнесува 25 денари за килограм, додека откупот на белиот ориз да не е помал од 50 денари за килограм“, истакна Јордан Манасиев, претседател на Здружението „Бело зрно“ од Кочани.

Тој истакна дека доколку нивните барања не бидат решени во рок од три дена ќе преземат и други радикални мерки. Дотогаш протестот ќе трае по еден час и ќе биде блокирана една коловозна лента од магистралниот пат Штип - Кочани кај Облешево.

Група земјоделци од oблешевско-чешиновскиот крај во исто време организираа контра-протест на кој го истакнаа своето незадоволство од реакцијата на Здружението „Бело зрно“. Контра-демонстрантите велат дека има откуп на арпата и на белиот ориз, иако признаваат дека ниту тие не се задоволни од откупната цена.

XS
SM
MD
LG