Достапни линкови

ЕК - Непроменети условите за визна либерализација на Турција


Мигранти и бегалци во Турција

Мигранти и бегалци во Турција

ЕУ и Турција постигнаа спогодба за забрзување на процесот на укинување на визите за турските државјани, но барањата до Турција остануваат непроменети, односно 72 критериуми треба да бидат адекватно покриени, изјави на прес-конференција портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.

„Се вршат подготовки за почетокот на преговорите за пет поглавја од процесот за приклучување на Турција кон ЕУ. Целиот процес содржи 35 поглавја, од кои едно е веќе затворено, а 14 се отворени“, прецизира портпаролката на Европската служба за надворешни активности Маја Коцијанчич, пренесува БТА.

XS
SM
MD
LG