Достапни линкови

Совет за безбедност во проширен состав за мигрантската криза


Архивска фотографија: Седница на Советот за безбедност

Архивска фотографија: Седница на Советот за безбедност

Претседателот Ѓорге Иванов за попладнево во Вила Водно свика седница на националниот Совет за безбедност во проширен состав. Тема на состанокот е мигрантската криза. На седницата ќе присуствуваат претседателот Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и членовите на СБ, Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

Претседателот Иванов на седницата ги повика и раководителот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Никола Тодоров, министерот за финансии, Зоран Ставрески, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, директорката на Центарот за управување со кризи Сузана Салиу, директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанчо Савовски и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието, Сашо Аќимовски. На седницата, македонскиот претседател ги повика и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

XS
SM
MD
LG