Достапни линкови

logo-print

Фајман - Балканската рута мора да остане затворена


Вернер Фајман, австриски премиер

Вернер Фајман, австриски премиер

Австриската Влада денеска ја повика Германија да го поддржи затворањето на балканската рута за бегалци, јави Танјуг.

„Ја повикуваме германската канцеларка Ангела Меркел јасно да се изјасни“, порача австрискиот канцелар Вернер Фајман по седницата на Владата.

Вицеканцеларот Рајнхолд Митерленер подвлече дека балканската рута мора да остане затворена.

Фајман од Германија очекува јасно да каже дека никој не може да бира каде ќе бара азил, бидејќи во спротивно и натаму ќе постои силен притисок врз балканската рута и пренасочувањето кон алтернативните маршрути.

Фајман подвлече дека Австрија не сака повторно да ризикува и да стане чекалница на Германија.

XS
SM
MD
LG