Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ - Бројчаникот на МАНУ за задолженоста е политички чин


ВМРО-ДПМНЕ денеска го оцени како партиски и политички, а не како научен чин, објавувањето на „бројчаникот“ за задолженоста на Македонија на веб страницата на Македонската академија на науките и уметностите. Во писмената реакција ВМРО-ДПМНЕ посочува дека јавниот долг се мери во релативна вредност, а не во апсолутна и го повика претседателот на МАНУ Таки Фити да изработи вистински „бројчаник“ кој ќе покажува секојдневно како расне БДП, како и корелацијата на БДП и државниот долг. Партијата напоменува дека сè додека МАНУ не се огради од ваквите настапи, ќе ја третираат оваа институција како клон на СДСМ и Сорос.

„Би апелирале до останатите членови на МАНУ да направат истражување дали во некоја држава постои сродна институција како нивната која по сите дефиниции треба да биде врв во науката, каде претседателот на таа институција е пред пензија, а за целиот свој работен век не успеал да направи научен труд кој би бил прифатен во меѓународно списание со импакт фактор“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

МАНУ претходно објави „бројчаник за јавниот долг“, преку кој во реално време може да се следи промената на јавниот долг.

XS
SM
MD
LG