Достапни линкови

Ципрас - Нема шанси повторно да се отвори балканската рута


Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека нема шанси балканската рута повторно да биде отворена и ги повика мигрантите од Идомени да преминат во прифатните центри.

„Унилатералните акции на земјите од балканската рута не се преземени случајно и ние сметаме дека не постои шанса повторно да ја отворат оние кои ја затвориле“, рече Ципрас.

Тој апелираше до бегалците и мигрантите да се откажат од постојаните напори да останат во Идомени на грчко-македонската граница затоа што со тоа, како што рече, ги ризикуваат своите животи, пренесува Танјуг.

„Бараме од нив да се преселат во прифатните центри, кои грчката Влада ги отвори за нив, во хумани услови, а заедно ќе работиме на забрзување на нивниот легален трансфер во Европа“, рече Ципрас.

XS
SM
MD
LG