Достапни линкови

logo-print

Ахмети на средба со амбасадорите од ЕУ


Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав и со сите амбасадори на земји-членки на ЕУ акредитирани во Македонија. Средбата се одржала на покана на евромбасадорот Орав во седиштето на ЕУ во Скопје. Ахмети им ги претставил ставовите на ДУИ во врска со последните политички случувања во земјата, меѓуетничките и меѓусоседските односи, спроведувањето на обврските според Договорот од Пржино, вонредните избори и евроатлантските интеграции. Ахмети истакна дека одржувањето на изборите на 5 јуни ќе овозможи почеток на крајот на политичката криза во земјата, информира ДУИ.

„Г-дин Ахмети и Амбасадорите разговараа и околу важноста на меѓуетничките односи, злоупотребата на верските симболи за политички цели, како и за распределбата и нелегалното објавување на прислушувани материјали, каде што се побара кривична одговорност за злоставувачите“, се наведува во соопштението од ДУИ.

XS
SM
MD
LG