Достапни линкови

Судир меѓу САД и Русија во ОН за Иран


Амбасадорите на САД и на Русија Саманта Пауер и Виталиј Чуркин

Амбасадорите на САД и на Русија Саманта Пауер и Виталиј Чуркин

Амбасадорите на САД и на Русија се судрија на седницата на Советот за безбедност на ОН околу иранските балистички ракети. Американската амбасадорка Саманта Пауер изјави дека тестирањето на два балистички проектила во минатата недела претставува кршење на резолуцијата на ОН. Тоа, како што пренесуваат новинските агенции, го оспорил рускиот амбасадор во Њујорк Виталиј Чуркин, кој рекол дека Москва немала информации оти тие ракети би можело да носат нуклеарно оружје. Советот одржа состанок зад затворена врата за балистичките проби на барање на САД со поддршка на Британија со цел да реши за можни нови санкции спрема Иран.

XS
SM
MD
LG