Достапни линкови

logo-print

Враќање на мигрантите кои илегално влегоа во Македонија


Македонската полиција и војската почнаа да ги депортираат мигрантите на грчка територија. Поголемиот дел од луѓето кои вчера илегално ја поминаа границата кај гевгелиско Моин и влегоа во селото, почнале да сеповлекуваат на грчката страна од необележаната граница. Околу илјада луѓе придружувани од грчка полиција и голем број репортери стасаа до Сува Река, од каде што со помош на јажиња беа префрлени до другата страна од брегот. Новинската агенција Франс прес јави дека полицијата привела и околу дваесетина новинари кои ги придружувале мигрантите. Над 14 илјади мигранти се заглавени во близина на грчкото село Идомени откако земјите на таканаречената балканска рута го стопираа нивниот пат кон северните членки на Европската унија.

XS
SM
MD
LG