Достапни линкови

Протестен марш за заштита на Уставот


СДСМ најави дека ќе се приклучи на денешниот граѓански протест пред Уставниот суд со цел да се спречи укинувањето на Законот за помилување со што на претседателот на Македонија ќе му се овозможи да помилува лица одговорни и за изборни нерегуларности. Протестот го организира платформата за граѓанска политика „Ајде“ и тој ќе започне пред Владата на Македонија, а ќе заврши пред Уставен суд. Од „Ајде“ соопштија дека пред судот ќе останат цела ноќ за симболично да бдеат над Уставот бидејќи за утре е закажана нова седница на Уставниот суд. На неа се очекува да биде разгледува иницијативата за укинување делови од Законот за помилување, кои забрануваат Претседателот на државата да помилува осуденици за изборен криминал и други тешки кривични дела. Во исто време во близина на Уставниот суд вечер треба да се одржи и протест на кој повика партијата ГРОМ која е коалициски партнер на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека не станува збор за контра протест туку за поддршка за институциите.

XS
SM
MD
LG