Достапни линкови

Путин нареди повлекување на дел од силите во Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин им наредил на руските вооружени сили да почнат да се повлекуваат од Сирија. Тој му рекол на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека руските сили главно ги исполниле нивните цели во таа земја. „Затоа му наредив на министерот за одбрана од 15 март де почне да го повлекува главниот дел од нашиот воен контингент од Сирија“, изјави Путин. До овој потег дојде на денот кога во Женева почна нова рунда на мировните преговори за Сирија под посредство на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG