Достапни линкови

Меркел - Затворањето на балканската рута не е трајно решение


Еден ден по лошите резултати за нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) на изборите во три германски федерални покраини, канцеларката Ангела Меркел призна дека нејзината земја има корист од затворањето на балканската рута за мигрантите кои се движат кон ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Меркел предупреди дека и покрај бенефициите за Германија од затворањето на рутата, тоа сепак не е трајно решение.

Канцеларката признава дека одличните резултати за антимигрантската партија Алтернатива за Германија (АФД) на покраинските избори се „глас на протест“ против нејзината политика на отворени врати за бегалците, но нагласи дека сепак таа не се откажува од неа.

XS
SM
MD
LG