Достапни линкови

Прекината истрагата против белорускиот опозиционер Михалевич


Алес Михалевич

Алес Михалевич

Белоруските власти ја прекинаа истрагата против поранешниот опозициски претседателски кандидат Алес Михалевич, кој побегна од земјата во 2011 година, а се врати назад минатата година. Тој денеска на социјалните мрежи објави дека истрагата е прекината и оти повторно има право да патува надвор од земјата. Михалевич е еден од неколкутемина опозиционери кои беа уапсени и обвинети за организирање на масовните протести по претседателските избори во 2010 година, на кои победи долгогодишниот претседател Александар Лукашенко. Тој беше ослободен, но му беше забрането да ја напушта државата додека трае истрагата. Михалевич на почетокот на 2011 година избега во Чешка каде што доби политички азил. Се врати во земјата во пресрет на претседателските избори во октомври 2015 година, на кои повторно победи Лукашенко. За време на неговиот егзил, сопругата на Михалевич и неговите две ќерки останаа да живеат во Белорусија.

XS
SM
MD
LG