Достапни линкови

Загриженост од високата стапка на егзекуции во Иран


Известувачот на ОН изрази загриженост во врска со екстремно високата стапка на егзекуции, особено на малолетници, во Иран. Ахмед Шахид, кој денеска го претстави својот извештај пред Советот за човекови права на ОН, изјави дека „со најмалку 16 малолетни престапници наводно обесени во 2014-2015, Иран останува една од ретките држави кои сè уште прибегнуваат кон оваа практика и покрај строгите забрани според меѓународното право“. Тој исто така забележува дека поединците обвинети за дела против националната безбедност и за дела поврзани со дрога во Иран, често се лишени од основните права за фер судење. Шахид ја повика меѓународната заедница да продолжи да го поддржува Техеран во реализирањето на обврските во врска со човековите права.

XS
SM
MD
LG