Достапни линкови

Осум наместо 10 години затвор за поранешниот казахстански премиер


Судот во Казахстан денеска ја намали затворската казна за поранешниот премиер Серик Ахметов од 10 на 8 години. Тој беше осуден за корупција во декември минатата година и првично се изјасни за невин. Подоцна ја призна вината во надеж за поблага казна. Минатиот месец, десетина демонстранти се собраа во главниот град Астана, барајќи негово итно ослободување. Ахметов беше премиер од 2012 до 2014 година. Неколкумина поранешни казахстански функционери се гонат за корупција, а неколкумина се осудени на долгогодишни затворски казни.

XS
SM
MD
LG