Достапни линкови

МАН - Не се потребни реформи во медиумскиот сектор


Македонската асоцијација на новинари(МАН) денеска преку соопштение оцени дека постоечките закони за медиумската област се добра основа за реализација на слободата на изразување и слобода на медиумите и оти не се потребни реформи во медиумскиот простор.

„Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) и Синдикатот на новинари немаат никакво право да бараат нова законска регулатива за медиуми или закон за медиуми бидејќи не се носи закон за медиуми, туку закон за цензура на телевизиите“, соопшти МАН.

Тие оценуваат дека ЗНМ и Синдикатот на новинари се експоненти на СДСМ.

ЗНМ, новинарскиот синдикат и три други медиумски организации претходно побараа продолжување на разговорите за реформи во медиумите.

XS
SM
MD
LG