Достапни линкови

Испратено роботско летало на Марс


Роботското летало го почнаа седуммесечното патување до Марс, како дел од европско-руската вселенска мисија за барање знаци на живот на „црвената планета“. Руската ракета Протон, која го носи вселенското летало ЕксоМарс, беше лансирана денеска од рускиот космодром Бајконур во Казахстан. Леталото, кое има сателит и модул за слетување, треба да стигне на Марс кон средината на октомври, по што ќе ја анализира атмосферата за да провери дали може да обезбеди докази за живот. Исто така ќе се тестираат и можностите за безбедно слетување на втората беспилотна мисија на Марс, која е закажана за 2018 година, кога треба да се прати летало кое ќе ја тестира почвата.

XS
SM
MD
LG