Достапни линкови

Новинарски организации бараат продолжување на разговорите за медиуми


Пет новинарски и медиумски организации во наредниот период ќе работат заедно да ги убедат сите одговорни да се направат реформи во медиумската сфера пред изборите закажани за 5 јуни, рече денеска на прес-конференција претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани. ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, Македонскиот институт за медиуми, Советот на етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии во петокот доставиле барање за средба со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со лидерите на политичките партии потписници на Договорот од Пржино. Селмани посочи дека инсистираат САД и ЕУ да бидат вклучени во разговорите како и досега, и, како што рече, нивниот предлог, базиран на нашите ставови, да биде основа околу кој ќе се бара решението. Тој рече дека од лидерите на четирите најголеми политички партии бараат објаснување зошто пропаднаа преговорите за медиумските реформи. Основните барања на петте новинарски и медиумски организации, според Селмани, се „забрана на владини реклами, МРТВ и Агенцијата за медиуми да се ослободат од контролата на власта и да се обезбеди нивно стабилно финансирање, да се намалат обврските и казните за приватните медиуми и поголема транспарентност на институциите“.

XS
SM
MD
LG