Достапни линкови

Могерини наредниот месец во Иран


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, најави дека планира да го посети Иран на 16 април, во обид за поблиска соработка со Техеран по мошне значајниот нуклеарен договор. Могерини го посети Иран во јули, кусо по постигнувањето на договорот, според кој меѓународната заедница Техеран се обврза да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на меѓународните санкции. Таа не го спомна иранското тестирање балистички проектили овој месец. Западните земји токму поради балистичките тестови му се заканија на Иран со нови санкции. Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд вчера во Брисел рече дека тестовите се „неприфатливи“.

XS
SM
MD
LG