Достапни линкови

ЕУ состанок за можни санкции против Иран


Министрите за надворешни работи на Европската унија се очекува денеска во Брисел да расправаат за можни санкции против Иран, како и за односите со Русија. Официјален Париз соопшти дека ако се покаже за неопходно на состанокот би можело да бидат прифатени санкции против Иран поради неговите последни проби на балистички ракети. Имено, ако се покаже дека овие ракети се способни да носат нуклеарни боеви глави, тогаш тоа ќе биде кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG