Достапни линкови

Во Женева почуваат мировни преговори за Сирија


Стафан де Мистура

Стафан де Мистура

Обединетите нации се медијатори на мировните преговори што би требало да почнат денеска во Женева меѓу претставници на режимот на претседателот Башар ал Асад и на сириските опозициски фракции. Преговорите треба да го зацврстат примирјето меѓу сириските владини сили и опозициските бунтовници. Милитантите на Ал Каеда и на Исламската држава не се вклучени во примирјето и нема да бидат претставени на преговорите во Женева. Пратеникот на ОН за Сирија Стафан де Мистура изјави дека преговорите не би требало да траат повеќе од десет дена.

XS
SM
MD
LG