Достапни линкови

Ал Каеда одговорна за нападот во Брегот на Слоновата коска.


Фракција на Ал Каеда во Африка ја презеде одговорноста за нападот што вооружени луѓе вчера го извршија врз едно туристичко место во Брегот на Слоновата коска при што беа убиени 16 лица. Добро вооружени луѓе нападнаа три хотели во градот Гранд Басам. Шестмина од напаѓачите биле убиени од безбедносните сили, соопшти претседателот на таа земја Аласане Уатара.

XS
SM
MD
LG