Достапни линкови

logo-print

Во експлозијата во Анкара 34 загинати и 125 ранети


Турските власти соопштија дека најмалку 34 луѓе загинале во силната експлозија што вчера вечер се случи во турскиот главен град Анкара. Министерот за здравство Мехмед Муезиноглу изјави дека 125 луѓе биле ранети, од кои дваесетина во критична состојба. Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција станала цел на терористички напади поради нестабилноста во регионот во изминативе години.Тој додаде дека терористичките организации напаѓале цивили бидејќи ја губат битката со безбедносните сили. Експлозијата се случи во Гувенпарк на плоштадот Кизилај, клучен транспортен и трговски центар во Анкара. Според НТВ телевизијата, станува збор за самоубиствен напад со автомобил бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG