Достапни линкови

Најавен протест и бдеење пред Уставниот суд


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, задутре во 18 часот, од пред Владата ќе започне протестен марш, кој ќе помине покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов и Собранието и ќе заврши пред Уставниот суд со голем народен протест. Вечерта, како што најавија вчера организаторите, пред Уставниот суд ќе се одржи бдеење над Уставот, а в среда ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување, кои забрануваат претседателот да амнестира за дела поврзани со изборен криминал. Организаторите на маршот и протестите најавија дека ќе побараат оставка од оние уставни судии кои ја поддржуваат ваквата иницијатива.

XS
SM
MD
LG