Достапни линкови

До полноќ пријави до ДИК за Избирачкиот список


Ноќеска на полноќ ќе биде затворена опцијата за пријавување неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК). Ова, како што соопшти денеска ДИК, е од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка. Досега околу 5 илјади граѓани пријавиле неправилности.

Државната изборна комисија воедно информира дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки ќе го разгледа на јавна седница во среда и најавува дека веднаш потоа ќе се започнат подготовки и активности за спроведување на теренската проверка.

„Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во Избирачкиот список на веб страната, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на ДИК“, соопшти ДИК.

XS
SM
MD
LG