Достапни линкови

Уапсен белоруски бизнисмен, порано близок со претседателот


Бизнисменот Јуриј Чиж

Бизнисменот Јуриј Чиж

Белоруските власти го уапсија познатиот бизнисмен Јуриј Чиж под сомнение за големо затајување данок. Чиж му беше близок советник на претседателот Александар Лукашенко уште од 90-тите години од минатиот век, но наводно во последните неколку месеци не бил во негова милост. Ако биде осуден, тој се соочува со затворска казна до 7 години. Во 2012 година, Чиж беше ставен на црната листа на поединци и компании од Белорусија на ЕУ, кои беа под санкции поради прекршување на човековите права во земјата. ЕУ ги прекина санкциите против Белорусија и против Лукашенко во февруари, поради подобрување на човековите права.

XS
SM
MD
LG