Достапни линкови

Во Турција 24-часовен полициски час за уште еден курдски град


Илустрација

Илустрација

Турските власти објавија 24-часовен полициски час во градот Јуксекова, со претежно курдско население, каде турските безбедносни сили се подготвуваат да покренат операција од големи размери против курдските милитанти. Полицискиот час ќе стапи во сила во Јуксекова, во близина на границата на Турција со Ирак и Иран, вечерва во 20 часот по средноевропско време, се наведува во соопштението од Канцеларијата на локалниот гувернер. Во соопштението уште се наведува дека забрането ќе биде излегување и влегување во градот. Медиумите наведуваат дека десетина тенкови се распоредени во Јуксекова. Турција воведе полициски час во неколку области на југоистокот на земјата од август минатата година, со цел да ги искорени милитантните активисти поврзани со Курдската работничка партија, кои креваа барикади, копаа ровови и поставуваа експлозив.

XS
SM
MD
LG