Достапни линкови

Ал Нусра зазеде бунтовнички бази во Сирија


Огранокот на Ал Каеда во Сирија Ал Нусра зазеде бази и заплени оружје од бунтовниците кои добиваат поддршка од Западот. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека припадници на Ал Нусра заробиле десетици членови на бунтовничката група 13 Дивизија, една од фракциите на Слободната сириска армија поддржана од Западот.

Случувањата доаѓаат по две недели од прекинот на судирите во Сирија и во пресрет на мировните преговори во Женева меѓу владата на претседателот Башар ал-Асад и опозицијата.

Прекинот на борбите е одобрен од владините сили, бунтовничките групи и нивните меѓународни поддржувачи, но ги исклучува милитанти на Ал Нусра и бунтовниците на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG