Достапни линкови

Иран не планира да го замрзне производството на нафта


Иран соопшти дека не планира да го замрзне производството на нафта. Нивниот став претставува голем удар за договорот меѓу Русија и Саудиска Арабија, постигнат минатиот месец, за запирање на падот на светските цени на нафтата. Иранскиот министер за нафта рече дека другите земји произведувачи на нафта „треба да ги остават на мира“. Иранските власти велат дека може само да ја разгледаат опцијата за замрзнување на производството. Иран го зголеми производството и сака да го доведе на четири милиони барели дневно, ниво на кое беше пред да бидат воведени меѓународни санкции поради загриженоста околу неговата нуклеарна програма. Според Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), сегашното производство на Иран е меѓу 2,8 милиони и 3,5 милиони барели дневно.

XS
SM
MD
LG