Достапни линкови

Трамп претрпе тежок пораз


Доналд Трамп претрпе тежок пораз во последната рунда од гласањето за номинацијата на републиканците за претседателските избори во САД. Трамп изгуби и во Вашингтон Д.Ц. и во државата Вајоминг на 12 март. Сенаторот од Флорида Марко Рубио лесно го победи во битката во главниот град на САД, каде што Трамп заврши на третото место со освоени 13,8 отсто поддршка.

Во Вашингтон најголем дел од гласачите се за демократите, а само шест проценти од гласачите се републиканци. Во западната држава Вајоминг, сенаторот од Тексас Тед Крузосвои 66,3 отсто од гласовите на пратеничката група, далеку понапред од Рубио, неговиот најблизок ривал, кој освои19,5 отсто од гласовите, а Трамп беше трет со 7,2 отсто.

XS
SM
MD
LG