Достапни линкови

Авганистански милитанти подготвени за преговори со владата


Авганистанската милитантна група, Хезб-е Ислами соопшти дека е подготвена за мировни преговори со владата. Групата предводена од озлогласениот воен лидер Гулбудин Хекматјар во соопштение наведува дека сака мир. Американскиот Стејт департмент го стави водачот на групата на листата на терористи оти ги поддржува Талибанците и Ал Каеда, но САД и авганистански официјални претставници се состануваа со претставници на Хезб-е Ислами во изминатите неколку години за да се стави крај на војната.

Талибанците, главната милитантна група во Авганистан, соопштија дека нема да учествуваат во директни мировни разговори во Кабул закажани за овој месец.

XS
SM
MD
LG